Либански министер го обвини сирискиот режим за етничко чистење на сунитите

Од:

Либанскиот министер за социјални прашања Ваел Абу Фаур ги обвини властите во соседна Сирија дека почнале етничко чистење на сунитите и дека смислено ги принудуваат бегалците да заминуваат за Либан, пренесоа британските медиуми.

Режимот во Дамаск, чија главна потпора се алавитите – шиитска секта, води борба против бунтовниците, кои се главно сунити.

Фаур, кој е друз, ги обвини силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, дека спроведуваат етничко чистење на сунитите во реоните во близина на границата со Либан.

„Асад се обидува да ги пресели сите сунити во Либан и затоа очекувам уште бегалци“, рече тој по средбата со високиот комесар на ОН за бегалците Антонио Гутереш.

Фаур забележа дека на почетокот Сиријците бегале спонтано во Либан, но „ова што сега се случува е нешто наполно различно целно преселување на сирискиот народ, организирано врз основа на религиозни и политички мотиви“.

Гутереш ги повика светските сили да им дадат помош на сириските бегалци во Либан и на земјите кои ги прифатиле.

Конфликтот во Сирија избувна пред 27 месеци, кога почнаа мирни протести против режимот, што постепено прераснаа во крвава граѓанска војна. Тој доби религиозен предзнак откако шиитски Иран и либанското шиитско движење Хезболахго поддржаа Асад, додека сунитските земји, како Саудиска Арабија, ги поддржуваат бунтовниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија