Либанската Влада го прифати планот за сеопфатни економски реформи

Од:

Либанската Влада денеска ги одобри сеопфатните реформи со кои се надева дека ќе ги смири стотиците илјади незадоволни граѓани, кои со денови протестираат повикувајќи ја Владата на премиерот Саад Харири да поднесе оставка.

По денешната седница на Владата Харири пред новинарите кажа дека е одобрен буџетот за 2020 година со дефицит од 0,6 отсто, без воведување нови даноци, пренесоа американските медиуми.

Тој кажа дека платите на високите функционери, вклучувајќи ги и членовите на парламентот, ќе бидат преполовени во рамки на пакетот економски реформи.

Харири додаде дека Централната банка и банкарскиот сектор со околу 3,4 милијарди долари ќе помогнат во намалување на дефицитит.

Владата, исто така, го одобри укинувањето на повеќе државни институции, вклучувајќи го и Министерството за информации.

Владата ќе им даде и повеќе милиони долари на семејствата кои живеат во сиромашптија, како и 160 милиони долари за станбени кредити.

Харири овие мерки ги опиша како „финансикси пуч“.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот