Либанците ги отфрлија предложените реформи, продолжуваат со протести

Од:

Либанските демонстранти денеска поставија барикади на улиците на Бејрут со што го продолжија протестите, шести ден по ред. Тие ги отфрлија предложените реформи и инсистираат Владата да поднесе оставка.

Премиерот на Либан Саад Харири синоќа понуди пакет реформи, но демонстрантите ги отфрлија како „недоволни и нецелосни“. Реформите вклучуваат намалување за 50 отсто на платите на највисокорангираните функционери, ремонт на секторот на електрична енергија и намалување на бројот на владините институции.

Ова се најголемите протести во Либан во последните 15 години.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот