Либанската армија и демонстрантите се судрија на денешните протестите поради економските реформи што ги предложи Владата.
Стотици илјади луѓе седум дена излегуваат на улица и ги обвинуваат политичарите дека ја уништиле економијата. Банките веќе шестти ден се затворени, како и училиштата, а голем број автопатишта се блокирани.
Владата на премиерот Сад ал Харири во понеделникот најави итен пакет реформи со цел да го ублажи бесот на демонстрантите кои бараат Владата да поднесе оставка, како и да ја спречи претстојната финансиска криза.