Левин: Шведската Влада не ја следи стратегијата на „имунитет на стадото“

Од:

Вицепремиерката на Шведска, Изабела Левин, негираше дека нејзината Влада следи стратегија на „имунитет на стадото“ и предупреди на „контра реакција“ на острите мерки.

– Со претерано остри мерки за забрана на движењето се ризикуваат „замор“ и „контра-реакција“ на луѓето кои престануваат да ги следат советите на Владата, рече шведската вицепремиерка.

Шведска усвои различна стратегија со далеку помалку рестриктивни мерки за социјално дистанцирање од повеќето европски земји.

Училиштата, баровите, рестораните и продавниците се отворени, а во земјата се дозволени собирања до 50 лица.

Левин за „Би-Би-Си“ изјави дека пристапот на шведската Влада препознал дека пандемијата на коронавирусот ќе биде „маратон, а не спринт“, но рече дека е „мит дека Шведска не презела сериозни чекори“.

– Мислам дека секоја земја мора да преземе активности во согласност со својата традиција и нејзиниот систем на управување, рече таа. Според неа, вистинскиот страв ако имате премногу остри мерки е дека тие не можат да се одржат со текот на времето и може да се добие контра реакција, така што луѓето нема доброволно да ги следат препораките што „ќе треба да се следат многу долго време“.

– Не сакам да го умориме населението и факт е дека нашиот шведски народ во голема мера не поддржува, рече таа.

На прашањето дали шведската Влада следи стратегија на „имунитет на стадото“, Левин рече дека тоа не е точно.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица