Левичарските герилци на Филипините убиле четворица и раниле шест војници

Од:

Во саботата и неделата на југот на Филипините имало жестоки судири меѓу војската и левичарските герилци, при што загинале четворица, а ранети се најмалку шест војници.

Не е познат бројот на настраданите припадници на вооруженото левичарското НПА движење, но според армиски извори, по повлекувањето на герилците на местото на судирите има показатели дека и герилците имаат тешки загуби.

Ова е еден од посериозните вооружени судири меѓу војската и бунтовниците по апсењето на водачите на НПА Бенито и Вилма Тиамзон пред еден месец.

Властите сметаа дека со ова апсење е нанесен сериозен удар на четири илјадната герилска организација.

Веднаш по соопштувањето за вооружениот судир, Норвешка ја обнови својата понуда да посредува за мирно решавање на судирите кои започнаа пред 50 години.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони