Левичари запалиja салон за автомобили во Германија

Од:

Група германски левичари нападнаa салон за автомобили во Лајпциг и запалиja 19 автомобили Шкода, објаснувајќи го својот потег со тоа што полицијата користи автомобили од таа марка, пишува „Билд“.

„Ја избравме „Шкода“ за мета бидејќи тие со децении ги опремуваат органите на репресија ширум светот“, напишаа пироманите во анонимното писмо објавено на левичарската платформа „Индимедија“, пишува германскиот весник.

Левичарите го оправдаа нападот со наводно полициско насилство во Лајпциг и Јена во средината на март оваа година.

За време на нападот биле запалени 19 автомобили, од кои 12 биле целосно изгорени, додека седум биле сериозно оштетени.

„Пожарот се прошири и на други возила, а имаше и многу чад. Никој не е повреден“, изјави портпаролката на полицијата Сандра Фрајтаг.

Откако сторителите објавија допис во кој ги признаваат делата, полицијата соопшти дека „презема и други истражни дејствија“.

Минатата недела имаше уште еден напад во кој беа запалени неколку полициски автомобили.

Би можело да ве интересира

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце