Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба

Од:

Летовите од аеродромот во Братислава денеска беа прекинати поради предупредување за бомба, изјави портпаролката на аеродромот Стефаник, Вероника Демовицова.

Според неа, пристигнувањата на аеродромот не се суспендирани, но патниците на тие летови мора да останат во авионите и да чекаат дополнителни инструкции, пренесува ТАСР.

„Ова се однесува на пристигнувања на Smartwings од Марса Алам и Мерса Матрух (Египет), пристигнувања на Rianair од Бургас (Бугарија) и Алгеро (Сардинија) и Мави Гок од Анталија“, додаде Демовицова.

Би можело да ве интересира

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија