Летонија спречи влез на 101 мигрант од Белорусија

Од:

Пограничната служба на Летонија спречи влез на 101 мигрант од Белорусија во изминатите 24 часа, објавија денеска локалните медиуми.

– Почнувајќи од 10 август, запревме 645 лица илегално да ја преминат границата, соопшти граничната служба.

Министерката за внатрешни работи на Летонија, Марија Голубева изјави дека ситуацијата на границата е тензична.

– Бројот на луѓе кои се обидоа илегално да влезат во земјата се зголеми. Имаше 68 во средата, а до утрово беа 101. Граничната служба и армијата продолжуваат да ја штитат државната граница, напиша Голубева на Твитер.

Освен Летонија, и Литванија забележа обиди за нелегални упади на нејзина територија.

Владата во Летонија воведе вонредна состојба на границата од 11 август и ќе трае до 10 ноември, со цел да и даде време на граничната служба да ги врати мигрантите назад во Белорусија.

Властите, исто така, одлучија да ја забрзаат изградбата на жичана ограда со Белорусија, која започна пред неколку години, а вкупната цена на градежните работи изнесува 30 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина