Летонија го презема претседавањето со ЕУ

Од:

Летонија од 1 јануари го презема од Италија претседавањето со Европската унија, а како свои главни приоритети ги нагласува зголемувањето на конкурентноста и работата на енергетската независност на Европската унија.

Летониската премиерка Лајмдота Страујума на состанокот со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Рига нагласи дека интензивно ќе работи со земјите-членки и Европскиот парламент, со цел во следните шест месеци да биде донесен закон, кој ќе го зајакне европското стопанство и ќе го поттикне отварањето нови работни места.

– Посебно внимание ќе посветиме на развојот на концептот Енергетска унија и јакнење на енергетската независност и внатрешниот пазар, рече Страујума.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски