Лета: Италија се соочува со фатален ризик

Од:

Италијанскиот премиер Енрико Лета, денес пред гласањето за доверба на владата, ги предупреди пратениците дека државата се соочува со фатален ризик, откако Силвио Берлускони повлече неколку свои министри од владата.

-Италија се соочува со фатален ризик. Се зависи од нашето да или не, рече премиерот во своето обраќање до пратениците и додаде дека одлуките на судот мора да се почитуваат, јасно алудирајќи на својот ривал Силвио Берлускони, пренесе „Франс прес“.

-Во една демократска држава, сите казни мора да се извршат, рече италијанскиот премиер.

Лета денес се обиде да ги убеди пратениците да го поддржат со своите гласови, со тоа што ги информира и двата дома на парламентот за своите планови за повторно раздвижување на слабата економија.

Клучното гласање ќе се одржи во Сенатот каде што сојузниците на Берлускони имаат мнозинство.

Меѓутоа и партијата на Берлускони, не може да се надева на победа, бидејќи неколку функционери ја откажаа послушноста, а неговиот најблизок сојузник Анѓелино Алфано најави дека ќе ја поддржи владата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски