Лета го соопшти составот на идната италијанска влада

Од:

Лидерот на левиот центар во Италија Енрико Лета денеска го уверил претседателот Џорџо Наполитано дека го завршил составувањето на новата влада, во која вицепремиер ќе биде еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Лета соопшти дека Анџелино Алфано, генерален секретар на партијата на Берлускони

„Народ на слободата“ ќе биде вицепремиер и министер за внатрешни работи во новиот кабинет.

Генералниот директор на Банката на Италија Фабрицио Сакомани ќе го предводи влијателното Министерство за економија и финансии. Поранешниот еврокомесар Ема Бонино ќе биде министер за надворешни работи.

Владата ќе положи свечена заклетва утре во 9.30 часот според Гринич. Се очекува в понеделник Лета да побара гласање за доверба од Парламентот. Политичката криза во Италија трае од изборите, одржани во февруари. Партиите од тогаш се обидуваат да формираат нова влада, но сите досегашни обиди пропаднаа.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски