Лекари без граници се повлекуваат од Сомалија заради безбедносни проблеми

Од:

Невладината организација Лекари без граници објави денеска дека се повлекуваат до Сомалија, по 22 години непрекинато присуство во таа држава која е во постојана граѓанска војна.

Причина за тоа се големите безбедносни проблеми.

– Лекари без граници, една од ретките невладини организации се уште присутни во Сомалија, објавува денеска затворање на сите свои програми во Сомалија, се вели во соопштение објавено во Најроби.

Таа одлука е донесена по жестоки напади врз тимови на организацијата во ситуации кога вооружени групи и цивилни власти тоа го толерираат, дури и поддржуваат, убиства, киднапирања и напади врз хуманитарни работници, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија