„Лекари без граници“: 3600 лица во Сирија побарале лекарска помош по труење со гас

Од:

Во Сирија 3.600 лица побарале лекарска помош со симптоми на труење со нервно-парализирачки гас, објави денеска меѓународната невладина организација „Лекари без граници“.


Овој број е регистрирна во период од три часа во средата. Од нив 355 лица починале.


– Болничкиот персонал ни даде детални информации за голем број пациенти, примени со симптоми како грчеви, нарушен вид и задушување, изјави доктор Барт Јансенс, шеф на одделот, одговорен за операциите на организацијата.


Симптомите, како и големиот број на лица пријавени во краток временски период и заразувањето на медицински работници и лица што давале прва помош, јасно покажуваат дека биле изложени на отровен гас. Тоа претставува кршење на меѓународното хуманитарно право, што апсолутно забранува употреба на биолошко и хемиско оружје, нагласува Јансенс.


Според него „Лекари без граници“ не може да ја потврдат причината за симптомите или да оценат кој е одговорен за хемискиот напад, но организацијата испратила во Сирија 7.000 вакцини со противотров атропин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија