Гранатирањето на железничката станица во Краматорск, град во источна Украина, во кое утринава загинаа најмалку 50 цивили, претставува злосторство против човештвото, изјави шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА.
-Тие ја погодија станицата, значи бегалците, значи цивилите, па тоа одговара на злосторствата против човештвото, рече Ле Дриан за каналот Франс 5.
Извор: МИА