Лажна дојава за поставена бомба во авионот кој принудно слета во Полска

Од:

Авиокомпанијата „Рајанер“ соопшти дека било лажно анонимното телефонско предупредување за поставена бомба во патнички авион на оваа компанија, кој беше принуден да слета под зајакнати безбедносни мерки на аеродромот „Модлин“ во близина на Варшава.

Екипи за деактивирање на експлозивни направи при извршениот претрес на авионот и багажот не откриле никаква експлозивна направа.

Портпаролот на аеродромот, Магдалена Бојарска изјави дека авионот, со кој патувале 160 лица и сообраќал на релација Осло-Варшава, слетал без проблеми, а сите патници биле веднаш евакуирани.

Утврден е идентитетот на лицето кое го направило лажниот повик, по што овој 46-годишен маж е уапсен.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата