Лавров: Зеленски сака судир меѓу НАТО и Русија

Од:

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, сака да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО, оцени денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

-Ако Зеленски е толку вознемирен поради немешањето на НАТО во конфликтот, тоа значи дека тој смета токму на НАТО во решавање на ситуацијата, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија оцени дека милитаристичката жар на Зеленски зборува за тоа дека нему не му требаат преговори со Русија и додаде дека се надева дека тоа ќе се промени.

Според Лавров, украинската делегација постојано бара изговори за одложување на секоја следна рунда преговори со Русија.

-Руските преговарачи чекаат било каква информација од украинската страна, како и во текот на првите две рунди. Ситуацијата изгледа прилично чудна, како сите да се заинтересирани да се постигне договор што е можно поскоро за тоа се целосно да се регулира. Од друга страна, за тоа би требало да е најзаинтересирана украинската страна, која постојано бара изговори да го одложи почетокот на новата средба, рече Лавров, додавајќи дека Москва се уште не ги добила роковите за нова, трета рунда преговори со Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ