Руските партнери од западните земји треба повеќе да обрнат внимание и на бомбардирањето на поранешна Југославија и косовското прашање, а не само на Крим, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Што се однесува до меѓународното право и вниманието кое го има во последно време, пред се во врска со Крим, бараме нашите западни пратнери поревносно да се однесуваат и кон другите настани кои се случија неодамна во модерната историја. Тоа е бомбардирање од страна на земји од ОБСЕ врз една членка, мислам на Југославија, како и ситуацијата со едностраното прогласување независност на Косово, без никаков референдум, истакна шефот на руската дипломатија.
Лавров нагласи дека Москва „доследно се залага за почитување на меѓународното право во целосен капацитет на неговите цели и принципи“.
Тој додаде дека националистичките лидери во Украина пред една година отворено повикувале на протерување или уништување на Русите на Крим, но Западот на тоа не реагираше.
Според Лавров, и нападот на Ирак е извршен со „отворено измислени изговори“, а во случајот со Либија „грубо е злоупотребен мандатот на ОН“.