Лавров: Запад треба да се откаже од барањата за судбината на Асад, ако сака вистинска борба против ИД

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека Западот треба да се откаже од барањата за политичко повлекување на сирискиот претседател Башар ал Асад, ако навистина сака меѓународна коалиција против Исламска држава.

Лавров изјави дека забележал промена во позицијата на Западот по нападите во Париз, и уривањето на рускиот патнички авион.

Според него, се уште нема согласност за политичката судбина на Асад по меѓународните преговори во Виена.

– Се надевам дека промената во позицијата на нашите западни колеги, која за жал настапува едвај како резултат на ужасни терористички напади, ќе се рашири кон други западни партнери, рече тој.

Лавров изрази надеж дека ќе биде изоставена позицијата, според која вистинската борба со ИД може да биде решена само откако ќе стане јасна судбината на Асад.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски