Лавров: Во таен контакт сме со некои европски лидери, некои дури доаѓаат и тука

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и дека тие разговараат за прекинување на војната на Русија против Украина.

Во интервју за RT, телевизиска мрежа финансирана од руската влада, Лавров рече: „Нема да го кријам тоа, ние сме во контакт со некои европски лидери. Тие се јавуваат и бараат овие разговори да останат тајни. Некои дури доаѓаат тука. И така одржуваат таен контакт.“

Лавров додаде дека изјавите дадени од европските лидери „за време на овие приватни, доверливи контакти“ не се разликуваат од она што го кажуваат јавно. „Ова се истите повици: „Да го завршиме ова“, „нешто мора да се направи““, рече тој.

Потоа тој тврдеше дека Европа зазела „бескомпромисен став“ дека Русија мора да претрпи „стратешки пораз“.

„Нивниот став е овој: Украина не смее да изгуби, Русија не смее да победи, во спротивно Европа ќе го изгуби угледот. Сè што прават сега е насочено кон спречување и нарушување на преговорите што се чини дека штотуку започнуваат меѓу Американците и нас, а сега се вклучуваат и украински претставници“, истакна Лавров.

Според соопштението од трилатералните разговори одржани во Абу Даби на 4 и 5 февруари, делегациите на Соединетите Американски Држави, Украина и Русија разговарале за методите за спроведување на прекин на огнот и следење на прекинот на непријателствата.

По овие разговори, Соединетите Американски Држави и Русија се согласија да го продолжат воениот дијалог на високо ниво. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање на 5 февруари изјави дека веќе се планираат понатамошни состаноци како дел од процесот на преговори и дека тие веројатно ќе се одржат во Соединетите Американски Држави.

Би можело да ве интересира

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Русите лансираа смртоносна нова ракета