Лавров со план како да се реши проблемот во Газа

Од:

Сергеј Лавров предложи да се одржи меѓународна конференција на претставници на светските сили и арапските земји, со цел да се реши израелско-палестинскиот конфликт.

„Единствениот начин да се реши овој проблем засекогаш и да се реши на фер начин е да се одржи меѓународна конференција со сите пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН“, изјави Лавров пред пратениците во Думата, пренесе агенцијата Франс прес.

Тој исто така рече дека на таа конференција треба да учествуваат земјите членки на Арапската лига, Организацијата за исламска соработка и Советот за соработка во Персискиот залив.

Сепак, остана нејасно дали Лавров смета дека треба да учествува и Израел, наведуваат израелските медиуми.

Тој оцени дека „продолжувањето на неправдата кон палестинскиот народ, кому му беше ветено создавање на палестинска држава, поттикнува многу сериозни терористички и екстремистички чувства“.

Лавров, исто така, го обвини Израел дека ги срамнува со земја станбените области на Газа, а ситуацијата на таа палестинска територија ја нарече страшна. Тој изрази сомневање за израелските тврдења за бројот на убиени цивили.

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа