Лавров: Со Иран се случува истото како и со уништените Ирак, Сирија и Либија

Од:

Истото што се случува со Иран се случува со уништените Ирак, Сирија и Либија, каде што мешањето на САД и нивните сојузници ја влоши ситуацијата, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервју за Франс ТВ, тој рече дека ситуацијата на Блискиот Исток станува сè потешка поради интервенцијата на САД.

Лавров нагласи дека клучот за решавање на ситуацијата е да се запрат нападите на САД и Израел, додавајќи дека Русија се залага за заштита на интересите на Иран и сите земји од Персискиот Залив кои страдаат од агресија.

Рускиот министер ги нарече нападите на САД и Израел врз Иран за време на преговарачкиот процес „предавство“, објави Спутник.

„САД ги предадоа своите арапски сојузници со започнување агресија против Иран“, рече рускиот министер.

Тој додаде дека Вашингтон користел објекти на територијата на арапските држави за да се подготви за агресија и, како што изјави, знаел дека Иран ќе ги таргетира овие објекти како одговор на нападот.

„Сите ги знаат координатите на американските воени бази во Персискиот Залив и не е ни чудо што Иран ги напаѓа“, додаде Лавров, отфрлајќи ги тврдењата дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран.

Рускиот министер за надворешни работи нагласи дека зборовите на американскиот претседател Доналд Трамп дека не е заинтересиран за меѓународното право и дека се води од сопствените принципи не можат да бидат одобрени.

„Гордите изјави на членовите на американската администрација за ладнокрвните убиства на претставници на иранските власти тешко можат да се наречат нешто друго освен цинизам“, рече Лавров.

Тој додаде и дека Русија „не се радува“ кога странските војни доведуваат до зголемување на цените на нејзините извозни стоки.

„Русија во оваа ситуација со Иран го гледа интересот на САД за воспоставување контрола врз Ормутскиот теснец и доминација на светските пазари“, рече Лавров.

Како што наведе, Русија постојано им испраќа сигнал на САД за потребата од дијалог со цел решавање на проблемите во Персискиот Залив и Блискиот Исток.

На 28 февруари, САД и Израел започнаа серија напади врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, а нападите резултираа со цивилни жртви.

Иран потоа започна одмазднички ракетни напади врз израелска територија, како и врз американски воени објекти низ целиот Блиски Исток, што исто така доведе до прекин на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, клучен пат за испорака на нафта и течен природен гас до светските пазари.

Би можело да ве интересира

Трамп: Тврдењата дека Моџтаба е хомосексуалец е лош почеток за иранското раководство

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик