Лавров: САД ги поттикнуваат украинските власти на конфронтација

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за телевизијата „Русија 1“ изјави дека САД ги поттикнуваат украинските власти на конфронтација, истакнуваќи оти шансите за воспоставување на мир во Украина би биле поголеми кога се би зависело од Русија и мнозинството нејзини европски партнери.

– Постојат прекуокеански партнери, нашите американски колеги, кои, судејќи според многубројните сведоштва, го поттикнуваат украинското раководство на конфронтациски пат, посочи Лавров.

Тој наведе дека Русија е заинтересирана Европската унија да има добри односи со САД, но Унијата самостојно да ги носи одлуките.

Лавров истакна дека и покрај волјата на украинскиот претседател Петро Порошенко да ги намали тензиите и да го продолжи примирјето, во украинската власт има и други сили – радикали, кои соработуваат со вооружените ултранационалисти, потоа Десен сектор, баталјоните на Игор Коломојски и други групи кои не се потчинуваат на централната и врховната команда.

Рускиот министер за надворешнио работи потенцира и дека Москва и поанатаму е подготвена за консултации со Украина, Молдавија и со Грузија за прилагодување на економските политики во контекст на вчерашното потпишување на Договорот за асоцијација со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски