Лавров: Русија, Турција и Иран подготвуваат нов состанок за Сирија

Од:

Русија, Турција и Иран се подготвуваат за новиот состанок меѓу припадниците на сириската Влада и опозицијата, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој додаде дека ќе бидат вложени „нови напори“ за решавање на кризата во Сирија.

Министерството за надворешни работи на Казахстан вчера соопшти дека делегациите на сириската влада и бунтовниците, заедно со претставникот на Обединети нации за Сирија, Стафан де Мистура, повикани се да присуствуваат на состаноците за сириската криза, што ќе се одржат во Астана на 15 и 16 февруари.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација