Лавров: Русија нема намера да се врати во Г-7

Од:

Русија не планира да се врати во групата Г-7, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој нагласи дека Русија „никогаш не сакала да се врати“ во групата, од каде беше исклучена во 2014 година, по анексирањето на Крим и избувнувањето на конфликтот со проруските сепаратисти во источна Украина.

– Русија е задоволна од работата на Г-20, истакна Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи објасни дека, во таа поголема група „ултиматумите не функционираат и имате потреба да постигнете договор“.

Синоќа американскиот претседател Доналд Трамп апелираше Русија да се врати во Г-7, но Канада, Велика Британија, Германија и Франција се спротивставија на тоа, додека Италија ја поддржа идејата на Трамп.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот