Лавров: Русија не украла формула на вакцината на Астра Зенека за да ја произведе Спутник В

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги демантираше тврдењата на британските медиуми дека руски шпиони го украле нацртот на британската вакцина на Астра Зенека, нагласувајќи дека таквите наводи се без основа и покритие.

Таблоидот „Сан“ на 10 октомври објави статија, во која се тврди дека руски шпиони ја „украле“ формулата за вакцина, развиена од британско-шведската компанија Астра Зенека, со цел да се направи руската вакцина Спутник В.

Медиумот во својот краток текст се повикува на неименувани безбедносни извори.

– Што се однесува до нашите британски и други западни партнери, мислам дека ниту еден од нив нема сериозно да ги сфати овие неосновани тврдења. Од порано слушаме многу неосновани обвинувања, истакна Лавров вчера на прес-конференција во казахстанскиот главен град Нур-Султан.

Иако има извештаи за ретки несакани ефекти од вакцината на Астра Зенека, каде што неколку луѓе добиле згрутчување на крвта по имунизацијата, а „такви случаи не се забележани по примањето на вакцината Спутник В, нагласи рускиот министер за надворешни работи.

Спорот се случува во момент кога Велика Британија и Русија се на спротивни страни во кампањите за вакцинација.

Околу 85 проценти од Британците на возраст над 12 години примиле прва доза на вакцина против Ковид-19, додека речиси 80 ​​проценти се ревакцинирани. Од друга страна, само 33 проценти од населението во Русија е имунизирано.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија