Лавров: Русија не планира да продава оружје на Сирија

Од:

На трилатералната средба во Варшава, Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров излезе со демант, по вестите на американските и израелски медиуми дека Русија подготвува нова испорака на современ противракетен систем С-300 за Сирија.

-Русија не планира да и продава на Сирија, таа одамна потпиша договор за продажба и сега само ја довршува испораката на одбрамбениот ракетен систем, кој не е забранет со никакви меѓународни норми – изјави Лавров во Варшава.

Шефот на руската дипломатија, полскиот министер за надворешни работи Радослав Ссикорски, заедно со шефот на дипломатијата на Германија Гидо Вестервел, на трилатералната средба ќе ја разгледаат соработката во Балтичкиот регион од една страна, а со Русија, ЕУ и НАТО од друга страна, но ќе разговараа и за кризните меѓународни прашања како што е судирот во Сирија.

-Тие испораки ќе и помогнат на Сирија да се одбрани од воздушните напади – нагласи рускиот министер, но не прецизира за каков противракетен систем се работи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“