Лавров: Русија на Арктикот не претставува закана за никој

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија со своите активности на Арктикот никого не загрозува, туку само ја осигурува сопствената национална безбедност.

– Не работиме ништо, освен што ја чуваме безбедноста на нашата земја, рече Лавров на меѓународниот форум за Арктикот во Санкт Петербург.

Тој нагласи дека целта на сите нивни активности на Арктикот се исти како и во кој било руски регион. Со нивното однесување, никој не е загрозен и оти Русите само сакаат да ја осигураат одбранбената моќ на земјата.

Лавров истакна дека Русија никому не му се заканува, туку само го одржува одбранбениот капацитет, земајќи ја предвид ситуацијата, која ја опкружува таа држава.

Според него, изјавите дека Русија наводно сака да го милитаризира Арктикот не се вистинити и тие напротив не гледаат никаква причина, која би барала зголемено внимание на НАТО.

Би можело да ве интересира

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски