Лавров: Русија и САД ги продолжуваат контактите за Венецуела

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека во текот на телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео постигнал договор да продолжат контактите во Венецуела.

Се договоривме да ги продолжиме контактите, посебно во Венецуела. Не гледам начин на кој би можеле да се комбинираат ставовите – нашиот став од една страна, кој се заснова на Повелбата на ОН и принципите и нормите на меѓународното право и ставовите на САД, од друга стран бараат легитимните власти да капитулираат и се закануваат со употреба на сила во исто време со репресивни санкции со цел промена на режимот, посочи Лавров.

Тој додаде дека ставовите се неспоиви, но оти Русија е подготвена да разговара.
Претходно Лавров истакна дека Русија ќе ги мобилизира земјите членки на Европска Унија да ја почитуваат Повелбата на Обединети нации за борба против американските планови во Венецуела.

Нашиот став за американските планови за Венецуела ќе биде многу едноставен. Ние ќе мобилизираме група држави, кои како нас, ја почитуваат Повелбата на ОН да се спротивставиме на таквите стремежи, наведе Лавров.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани