Лавров: Русија е подготвена за заеднички акции со Западот

Од:

Русија е подготвена да воспостави канали за заедничко делување со Западот, кога западните партнери ќе покажат слично разбирање, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој како придобивки од заедничките акции ги наведе справувањето со меѓународниот тероризам, ширењето на вирусот на ебола, оружјето за масовно уништување, енергетската безбедност и друго.

– Едно малцинство меѓу западните држави, малцинство, кое им диктира на другите западни држави, е подготвено да ги жртвува сите тие задачи, заеднички за меѓународната заедница, за да демонстрира незадоволство од однесувањето на Руската Федерација, посочи Лавров.

Тој изрази надеж дека ќе надвладее здравиот разум.

– Ние сме трпеливи луѓе, наведе Лавров.

Тој посочи дека Москва смета оти недозвиливо е паролите за борба со тероризмот да се користа за смена на режими.

– Сите акции преземени за борба против Исламска држава, како и со секоја друга терористичка структура, треба да се во согласност со меѓународното право. И на прво место да се во согласнот со законите на одредени територии, рече Лавров, коментирајќи го предлогот на Турција да биде преземена копнена операција против ИД во северниот дел на Сирија.

– Русија со години апелира на заедничка борба против меѓународниот тероризам, наведе Лавров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Лавров: Косово е „територија на целосно беззаконие“