Лавров: Рубио ме изненади кога рече дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени за отстапки

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека е изненаден од тврдењето на американскиот државен секретар Марко Рубио дека Москва не е подготвена за компромис во преговорите со Киев.

„Бев изненаден што Марко Рубио, неодамна зборувајќи во Конгресот, рече дека би сакал конфликтот во Украина да заврши оваа година, но дека не ги оценил шансите како многу високи, бидејќи страните сè уште не се подготвени да направат отстапки, особено Русија“, рече Лавров, според новинската агенција РИА Новости.

Лавров рече дека е особено невообичаено да се чуе ова од Рубио, кој беше учесник на состанокот во Анкориџ, Алјаска, минатиот август.

Би можело да ве интересира

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Лавров: Украина ќе плати висока цена за нападите врз руските цивилни цели

Горан Наумовски

Лавров: Западните обвинувања за руска вмешаност во инцидентот во Лајпциг се почеток на вистинска војна

Лавров: Западот не сака да го реши, туку да го замрзне конфликтот во Украина

Лавров: Военото присуство на НАТО на Арктикот е директна закана за Русија

Ватикан повика на крај на војната во Украина по разговорите со Лавров