Лавров: Решавањето на сириската криза без Иран е безнадежно

Од:

Иран, Египет, Катар, ОАЕ и Јордан треба да земат улество во решавањето на сириската криза, соопшти денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за каналот „Росија ТВ“.

Запрашан дали „форматот“ Русија – САД – Саудиска Арабија – Турција го смета за доволен за разговори за Сирија, Лавров одговори негативно, пренесе ТАСС.

Лавров истакна дека согласувајќи се на разговори во тој формат во Виена, Русија нагласила дека обидот за создавање круг на земји кои го поддржуваат решавањето на кризата во Сирија без Иран е безнадежен.

Рускиот министер за наворешни работи истакна дека под сегашните околности е важно во групата на овие земји да се вклучат и држави како што се Египет, Катар, ОАЕ и Јордан.

Лавров напомена дека претставниците на некои од овие земји „можат утре да бидат во Виена“ , но „на паралелни состаноци“.

-Тие изразија желба да разговараат со нас. Ние за тоа сме подготвени, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација