Лавров: Преговорите за Сирија во Женева се одложуваат за крајот на следниот месец

Од:

Преговорите за решавање на конфликтот во Сирија, закажани за 8 февруари во Женева се одложуваат за крајот на февруари, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– На женевските преговори треба да почне работата за уставот на Сирија, истакна Лавров.

Тој нагласи дека рускиот прокет за уставот на Сирија, доставен изминатите денови до делегатите на сириската опозиција во преговорите во Астана, се резиме на Владата и на опозициските групации од последните години.

– Текстот, разработен од Русија, ќе им биде доставен денеска и на сириските опозициски претставници, кои разговараат со Лавров во Москва, изјави за ТАСС Али Абдусалам од курдската партија Демократски сојуз, која е учесник на средбата.

Според Лавров рускиот проект за новиот устав на Сирија е доставен со цел да се стимулира уредувањето на конфликтот во Сирија.

Би можело да ве интересира

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми