Лавров: Преговорите во Каиро треба да доведат до трајно примирје меѓу Палестинците и Израел

Од:

Преговорите меѓу Палестинците и Израелците во Каиро треба да доведат до договор за трајно примирје, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата со главниот палестински преговарач со Израел, Саеб Еракат, член на раководствот на Организацијата за ослободување на Палестина.

– Многу не вознемирува ситуацијата во Појасот Газа и околу неа. Вложуваме напори активно да ја поддржиме иницијативата на Египет, посочи Лавров.

Тој наведе дека преговорите со посредство на Египет  треба да резултираат со договор за долгорочно и стабилно примирје.

– Убедени сме дека таа цел треба да стане добар повод за да почне сеопфатно решавање на палестинско-израелскиот конфликт, посочи Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина