Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров денеска ги осуди операциите на украинската војска во источниот дел на Украина, нарекувајќи ги крвави злосторства.
Тој на средбата со млади дипломати во Москва, рече дека привремената власт во Украина ќе одговара пред лицето на правдата, затоа што води војна против сопственото население, пренесе „Ројтерс“.
-Тие водат војна против сопствениот народ. Тоа е крваво злосторство и оние кои ја принудија војската на тоа, знам дека ќе платат и ќе се соочат со правда-рече шефот на руската дипломатија.
Тој исто така го обвини Вашингтон дека со дополнителните барања за Москва, го прекршува меѓународниот договор во врска со украинската криза, кој што беше постигнат во Женева.
Е. Г.