Лавров: ОН да избегнат вештачко наметнување на одлуките по кипарското прашање

Од:

Русија ги повика ОН да избегнат вештачко наметнување на одлуките за кипарското прашање, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави ТАСС. 

 – Ги поддржуваме одлуките, кои беа донесени од страна на Советот за безбедност на ОН во поддршка на изнаоѓање решение за кипарското прашање врз основа на договореното на двете страни на островот, истакна Лавров на прес-конференцијата одржана во Москва по разговорите со кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис. 

– Прашањата поврзани со осигурувањето на безбедноста на единствената кипарска држава, треба да бидат решени од самите кипарски страни. Ќе ги почитуваме ставовите и се она што ќе бидедоговорено од двете засегнати страни, нагласи Лавров.

Тој посочи дека не треба да има обиди за вештачко наложување на каква и да било одлука за кипарското прашање во полза на еден или на друг надворешен „играч“. 

– Во оваа етапа знаеме каква е позицијата на Република Кипар и сметаме дека на таа позиција треба целосно да се внимава. Настојуваме ОН и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање Еспен Барт Ајде, да не се обидуваат да наметнуваат вештачки рокови за договори и да не наложуваат „рецепти“, кои се отфрлаат од една од страните, објасни Лавров. 

– Сметаме дека сите интервениции за кипарското прашање и обидите за притисок врз страните се контрапродуктивни и само ќе ги блокираат напорите на земјите, кои учествуваат во разрешувањето на кипарскиот проблем, додаде рускиот министер.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ