Лавров: Одговорните за убиството на рускиот амбасадор во Турција нема да успеат да ги поткопаат односите меѓу двете земји

Од:

Нарачателите на убиството на амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов нема да го поткопаат процесот за нормализација на односите меѓу двете земји, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави ТАСС.

Неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу истакна дела целта на атентатот е да го спречи решавањето на конфликтот во Сирија.

– Турција и Русија сепак нема да го дозволат тоа, рече Чавушоглу, кој синоќа пристигна во Москва.

Турскиот министер за надворешни работи денеска ќе се сретне со Лавров. Средбата ќе се одржи пред преговорите во Москва за Сирија во формат Русија-Турција-Иран.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев и турскиот премиер Бинали Јилдирим го осудија убиството на Андреј Карлов во телефонски разговор, соопшти руската Влада.

Јилдирим истакна дека организаторите на атентатот имале цел да го поткопаат нормализирањето на односите меѓу Русија и Турција и да ги искомплицираат заедничките напори за решавање на регионалните конфликти.

Медведев нагласи дека убиството предизвикало „вонредна ситуација во меѓународните односи“.

Би можело да ве интересира

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски