Лавров: Нуклеарниот обид на Пјонгјанг да не биде искористен за мешање однадвор

Од:

 Москва упати повик нуклеарниот обид на Северна Кореја да биде искористен за мешање однадвор и спречување на шестраните преговори, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по преговорите со кинескиот колега Јан Џиечи во Москва.

– Ја разгледавме ситуацијата на Корејскиот полуостров, која доста се заостри поради нуклеарниот обид на Северна Кореја. Го делиме ставот дека тие дејствија се неприфатливи и заслужуваат осуда и адекватна реакција од Советот за безбедност на ОН. Од принципиелно значење е ситуацијата да не се користи за оружен натпревар во регионот, за воено мешање однадвор и да бидат уништени шансите за обнова на шестраните преговори, рече Лавров.

Русија и Кина повикуваат да бидат почитувани процедурите од Уставот на ОН и да не се дозволи мешање со примена на сила во сирискиот конфликт, ситуацијата околу Авганистан и иранската нуклеарна програма, истакна Лавров по разговорите со кинескиот колега.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот