Лавров не ги исклучува разговорите со сириската опозиција

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров не ја исклучува можноста на меѓународната мировна конференција посветена на Сирија, која треба да се одржи во ноември во Женева, да учествуваат и претставници на сириската опозиција.

– Не ја исклучувам можноста претставници на вооружената сириска опозиција да бидат таму, доколку не се држат до своите екстремистички ставови, изјави Лавров денеска во Москва по средбата со генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка, Екмеледин Ишаноглу.

Лавров наведе дека се уште не е извесно дали Западот ќе може да ги доведе претсатвниците на сириската опозиција на преговарачката маса во Женева.

Ветувањето на Сирија дека ќе се откаже од арсеналот на хемиско оружје и ќе го предаде под меѓународна контрола, ги зголеми надежите за одржување на меѓународна мировна конференција, што во мај ја предложија Русија и САД.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски