Лавров: Не е можно Башар ал Асад да се повлече од власт

Од:

Не е можно сирискиот претседател Башар ал Асад да се повлече од власта, бидејќи тоа не е предвидено во меѓународните договори, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Нашите партнери се убедени дека е потребно Башар ал Асад да биде отстранет од политичкиот процес. Таков предвремен услов не се содржи во документот од Женева, прифатен во јуни од големите сили, и не е можно тоа да се оствари, бидејќи не зависи од никого, истакна Лавров.

Тој ја повика сирсиката опозиција да предложи идеи за дијалог, откако Асад ги формулира своите предлози.

– Претседателот Асад даде иницијативи за започнување дијалог со сите опозиционери. Можеби тие не одат доволно далеку и на некого му изгледаат несериозни, но тоа се предлози. Ако сум јас на местото на опозицијата тогаш ќе изнесам предлози како да започнат разговорите, нагласи шефот на руската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ