Лавров најави одговор на Русија за нападот на Кремљ

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нападот со дрон врз Кремљ е „непријателски чин“ и дека Русија ќе одговори со „конкретни акции“, а Кремљ најави состанок на рускиот Совет за безбедност.

Русија ја обвини Украина за лансирање на беспилотни летала во обид да го убие претседателот Владимир Путин, објаснувајќи дека зад се стојат САД. Украина ги отфрли обвинувањата, а Белата куќа соопшти дека тоа е „лудо тврдење“ и „лага“.

„Апсолутно е јасно дека ова е непријателски чин и апсолутно е јасно дека терористите од Киев не можеа да го направат тоа без знаење на нивните господари“, рече Лавров на прес-конференција во Индија.

„Нема да одговориме со дебата дали ова претставува „casus belli“ (причина за војна) или не. Ќе одговориме со конкретни акции“, рече Лавров.

Советот за безбедност на Русија подоцна денеска ќе расправа за инцидентот со дронот, изјави портпаролот на Кремљ. Веднаш по инцидентот, Москва објави дека го задржува правото да возврати.

„Свесни сме дека одлуките за такви акции, за такви терористички напади не се носат во Киев, туку во Вашингтон. И Киев го прави она што му е кажано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Вчера, Европската унија ја повика Русија да не го користи наводниот напад со беспилотно летало како изговор за ескалација на војната против Украина.​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​,

Во наводниот напад на резиденцијата на Путин во Кремљ биле користени два дрона, но руската одбрана ги оневозможила.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Украински политичар тврди: Америка ја прекина испораката на оружје за Украина

ВИДЕО: Трамп тврди дека Зеленски го преспал состанокот со американскиот министер за финасии, фотографиите го демантираат

Катерина Ѓуровски