Лавров: На Вашингтон му е објаснето што прават нашите војници во Венецуела

Од:

Руското Министерство за надворешни работи и објасни на администрацијата на Трамп дека руските војници, кои во моментов се наоѓаат во Венецуела, ја поправаат опремата според договорот за воено-техничка соработка постигнат меѓу Москва и Каракас, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

-Одговорив на телефонски повик, кој го добив од државниот секретар на САД Мајк Помпео. Објаснивме што прават нашите војници во Венецуела, дека обезбедуваат одржување на опремата, која ја доставивме во рамките на меѓувладин договор ратификуван од Собранието на Венецуела, кој целосно е во согласност со нејзиниот Устав, рече Лавров.

Весникот „Ел Комерсио” претходно објави дека Антонов Ан-124 и Иљушин Ил-62 со руски трупи и 35 тони товар пристигнале во главниот град на Венецуела, Каракас, на 23 март.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск