Лавров ја обвини Украина за обидот за атентат на рускиот генерал

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Украина за обид за атентат врз висок руски генерал во Москва. Според него, како што објави Ројтерс, наводниот чин покажува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „се обидува да го саботира мировниот процес“ по разговорите одржани во Абу Даби претходно оваа недела.

Кремљ не понуди докази за тврдењата, пишува „Гардијан“.

Висок руски воен функционер, Владимир Алексеев, заменик-началник на Генералштабот (ГРУ), беше застрелан денес во Москва и однесен во болница во критична состојба. Кремљ потврди дека Владимир Путин бил информиран за обидот за атентат, а Истражниот комитет отвори случај за обид за убиство.

Алексеев беше меѓу функционерите кои преговараа со водачот на платениците Евгениј Пригожин во јуни 2023 година за време на неговиот краткотраен бунт, а од почетокот на војната во Украина имаше неколку напади врз високи руски воени функционери.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

ВИДЕО: Протече снимка од телефонски разговор меѓу Лавров и Сијарто

Катерина Ѓуровски

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски