Лавров ја нагласи соработката со Кина за време на самитот на Г20

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја истакна руско-кинеската соработка при средбата со својот кинески колега Ванг Ји на маргините на самитот на Г20, пренесе ДПА повикувајќи се на руската државна новинска агенција ТАСС.

– Русија и Кина одржуваат сеопфатно партнерство и стратешка соработка, рече Лавров за време на состанокот на индонезискиот остров Бали.

Портпаролката на Лавров, Марија Захарова, објави видео на кое се гледа како тој се ракува со Ванг.

Шефот на руската дипломатија за време на самитот на Г20 мора да ги слуша острите критики за руската агресивна војна против Украина. Сепак, Русија ја гледа Кина како сојузник во нејзиниот конфликт со Западот и Украина, коментира ДПА.

Лавров не присуствуваше на официјалниот ручек на шефовите на држави и влади, но потоа одржа говор на втората работна сесија на самитот.

Според руските државни медиуми, тој планирал да се врати во Русија во вечерните часови, пред крајот на самитот.

Денеска претпладне, 72-годишниот Лавров го слушаше и видео обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повторно ја повика Русија да ги повлече своите трупи од земјата.

Нацрт-декларацијата од самитот, која Москва сака да ја ко-спонзорира, содржи и осуда на војната против Украина.

Русија нуди преговори со Украина. Зеленски, пак, во својот говор наведе 10 услови за крај на војната, вклучително и враќање на територијалниот интегритет на Украина.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат дека не се вистински заинтересирани за мировни преговори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Лавров ги соопшти таргетираните мети во Украина

Лавров: Русија не е задоволна со примирје со Украина, потребни се обврзувачки договори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лавров: Москва е подготвена да ги искористи сите средства

Лавров: Постои опасност студената војна да се претвори во жешка фаза

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион