Лавров и Рубио ги „пеглаат“ односите Русија-САД

Од:

Додека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржа серија дипломатски средби на маргините на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН, вклучувајќи ја и долгоочекуваната средба со американскиот државен секретар Марко Рубио, појавувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски предизвика остри реакции во Грузија и ги зголеми тензиите во Молдавија.

Лавров и Рубио разговараа околу педесет минути во седиштето на ОН во Њујорк. Според Москва, рускиот министер ја нагласил подготвеноста на неговата земја да се придржува до линијата претходно утврдена од претседателите на Русија и САД, со отвореност за заедничка работа за отстранување на причините за украинската криза.

Разговорите биле оценети како суштински и корисни, а Лавров дал знаци на добра волја по средбата и го пофалил „нежниот“ гест на својот американски колега. Ова е прва средба на министрите за надворешни работи на двете земји од 2021 година, што во дипломатските кругови се толкува како потенцијален сигнал за постепено олабавување на односите.

Покрај средбата со Рубио, рускиот министер за надворешни работи разговараше со голем број меѓународни претставници: претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Мирјана Шпољариќ, министрите за надворешни работи на Словачка, Унгарија, Србија, Доминиканската Република, Мароко, како и претставници на Гренада и Конфедерацијата на држави од Сахел.

На 27 септември, Лавров ќе се обрати на Генералното собрание на ОН и ќе учествува на состаноци организирани од БРИКС, Г20, ОДКБ и Групата на пријатели на Повелбата на ОН.

Би можело да ве интересира

Лавров: САД и Израел не бараат нормализација на односите

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Лавров: Со Иран се случува истото како и со уништените Ирак, Сирија и Либија

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Лавров: Време е да се спроведе идејата на Путин за самит на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН