Лавров и Кери разговараа за текот на мировните преговори за Сирија

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери го разгледаа во телефонски разговор денеска прашањето за текот на мировните преговори во Женева меѓу претставници на сириската Влада и опозициските сили, соопшти руското МНР.

Разговорот бил на американска иницијатива.

– Во согласност со барањата за резолуцијата 2254 на СБ на ОН била истакната неопходноста детално да се разгледаат во текот на меѓусирискиот дијалог темите за борбата против тероризмот, олеснувањето на хуманитарната ситуација, вклучувајќи испорака на помош за цивилното население во опколените реони, а исто така и подготовка на политички реформи врз основа на заемна согласност на сириските страни, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија