Лавров и Јагланд се пошегуваа на темата „доверливи информации“

Од:

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд денеска во текот на состанокот Комитетот на министри на СЕ во Никозија, се пошегуваа на тема „откривање на доверливи информации“.

– Нема да имате проблем со овие фотографии, му се обрати Јагланд на Лавров во текот на состанокот покажувајќи им на новинарите фотографии од средбата.

– Зависи од тоа какви доверливи инфромации ќе ми откриете, му одговори Лавров со насмевка.

Какп што јави ТАСС, шега се однесуваше во врска со тврдењата на весникот „Вашингтон Пост“ дека американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела на средбата со Лавров во Вашингтон му пренел доверливи информации за плановите на џихадистичката група Исламска држава, кои САД не ги споделиле со своите сојузници.

Белата куќа и Кремљ ги негираа ваквите тврдење на весникот.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија