Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека постои уште една шанса за политичко решение на судирите во Сирија, а меѓународниот посредник Лахдар Брахими уште еднаш порача дека нема друга алтернатива освен политичкиот процес.
– Судирите ескалираат, но ние се согласивме дека се уште постои шанса за политичко решение, истакна Лавров на заедничкатра прес-конференција со Брахими во Москва.
Рускиот министер за надворешни работи го повтори ставот на Русија дека заминувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад не смее да биде предуслов за политичкиот процес, додека Брахими наведе дека сите мораат упорно да работаат во насока на политчкиот процес.
Сириската опозиција вчера го одби повикот за дијалог со Асад, што претходно беше упатен до двете страни од Москва, со цел да се стави крај на судирите што траат 21 месец.