Лавров: Франција во Мали се бори со луѓето кои ги вооружа во Либија

Од:

 Франција во Мали се судрува со истите луѓе кои ги вооружи во Либија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, цитиран од француските медиуми.

Во интервју за руската државна телевизија Лавров ја критикуваше, според него, неспособноста на западните земји Блискиот исток и северна Африка да ги гледаат како целина.

-Во Мали Франција се бори против оние кои ги вооружи во Либија против режимот на Моамер Гадафи, прекршувајќи го ембаргото, наметнато од Советот за безбедност на ОН, уверуваше рускиот министер.

Тој забележа дека истите групи војуваат и во Сирија против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Лавров претходно ги критикуваше испораките на оружје од Франција за либиските бунтовници, кои од власта го соборија и потоа во 2011 година го убија Моамер Гадафи, потсетуваат француските медиуми.

Во истото интервју рускиот министер за надворешни работи ја отфрли тезата дека неговата земја ги загубила позициите на Блискиот исток и северна Африка. Тој уверуваше, на пример, дека ниту еден сириски опозиционер не си ја претставува иднината на својата држава и на целиот регион без активната улога на Русија.

Рускиот министер подвлече дека неговата земја нема да презема воена интервенција на Блискиот исток или во северна Африка како онаа на Советскиот сојуз во Авганистан.

Лавров констатира дека новите либиските власти не ја контролираат целата територија на земјата и тоа и штети на стабилноста на регионот.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот