Лавров: Црноморската флота ја обезбедува безбедноста на земјата

Од:

Руската Црноморска флота сигурно ја обезбедува безбедноста на земјата и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој присуствуваше на свеченото претставување на новата поштенска марка, издадена во чест на 225-годишнината од раѓањето на рускиот дипломат, принцот Александар Горчаков.

По тој повод, Лавров потсети дека Горчаков успеал да ги укине ограничувањата од Парискиот мировен договор од 1856 година, благодарение на што Русија повторно добила можност да ја формира Црноморската флота.

„Од тогаш нашата флота на Црното Море ја обезбедува сигурната безбедност на нашата земја до ден-денес, а тоа ќе продолжи да го прави и во наредните години и векови“, рече министерот.

Тој посочи дека, во согласност со пристапите на Горчак, надворешната политика првенствено треба да биде насочена кон создавање поволни услови за внатрешен развој.

„Тоа е еден од клучните принципи на нашата надворешна политика, содржан во сите доктринарни документи усвоени по 1990-тите“, рече шефот на руската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски